ММС

Објавено на: 05/23/19 7:22 AM

Академијата за судии ќе потпише меморандум за разбирање со ОБСЕ/ОДИХР и Јавното обвинителство

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев”, денеска во просториите на Академијата ќе потпише меморандум за разбирање со ОБСЕ/ОДИХР и Јавното обвинителство во Република Северна Македонија.

Потпишувањето на меморандумот е во врска со спроведувањето на Програмата за обука на јавни обвинители за справување со криминал од омраза во државата.

На настанот свое обраќање ќе имаат проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, Љубомир Јовески, јавен обвинител на Република Северна Македонија, амбасадорот Игибјорг Солун Гисладотир, директор на ОДИХР и амбасадорот Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, се наведува во соопштението од Академијата „Павел Шатев”.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.