– ММС
Вести Македонија

Социјалните реформи ги „скараа“ власта и опозицијата

Социјалните реформи попладнево тема на препукување меѓу власта и опозицијата. Од СДСМ тврдат дека новите реформи создаваат  вистински систем за извлекување од сиромаштија, од ВМРО-ДПМНЕ пак, со забелшка дека политиките на власта ги туркаат граѓаните во сиромаштија.

Пратеничката од СДСМ, Катерина Кузмановска на прес конференција порача дека со вчерашното гласање во Собранието за пакетот закони од областа на социјалната реформа се обезбедува повисок животен стандард во земјава.

„Со социјалната реформа, за 20 пати се зголемува опфатот на деца кои користат детски и образовен додаток. Детскиот додаток кој го користеа 3.200 деца сега, со оваа реформа ќе го користат 73.500 деца. Пристап до образовниот додаток наместо 3.800 дечиња, отсега ќе имаат 64.136 деца“, истакна Кузмановска.

Според опозицијата сепак, секој ден се’ повеќе граѓани доаѓаат во ситуација да не може да го поминат месецот поради растот на цените.

Да беа СДСМ навистина загрижени за социјално ранливите категории на граѓани ќе ги прифатеа амандманите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ со кои реално им се помагаше на најзагрозените семејства во државата – сметаат опозиционерите.

СДСМ не прифати секое домаќинство кое користи  гарантирана минимална помош да остварува паричен додаток од 1.000 денари заради покривање на дел  од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството 12 месеци во годината наместо предвидените 6 месеци во предложеното законско решение. СДСМ не прифати зголемување на надоместокот за потполно глувите лица од 4.100 денари на 5.200 денари, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Лограње

X

Регистрација