– ММС
Вести Свет

Додека зборуваше за купување американски „Ф-16“, бугарскиот министер Каракачанов беше облечен во маица со руски „миг 29“

Бугарија имаше намера да купи американски борбени авион „Ф-16“ за своите воздухопловни сили и да ја замени старата флота руски авиони „Миг 29“. Но, Софија смета дека цената што ја нудат САД е повисока од очекуваната, па почнала да бара компромиси или да ги разгледува алтернативите со шведски и италијански авиони. Сепак, уште траат преговорите со Американците.

Красимир Каракачанов, бугарскиот министер за одбрана, пред новинарите во Пловдив рече дека преговорите со САД за купување авиони „Ф-16“ напредуваат. Додека зборувал пред новинарите, министерот бил облечен во маица со амблем на кој се наоѓа рускиот „миг 29“.

Каракачанов изразил надеж дека разговрите со САД ќе успеат, така што тогаш ќе имал можност да носи маици со амеркански борбени авиони.

Лограње

X

Регистрација