Американците развиваат суперсоничен патнички авион: Од Њујорк до Лондон за 90 минути - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/22/19 12:05 PM

Американците развиваат суперсоничен патнички авион: Од Њујорк до Лондон за 90 минути

Американски стартап планира да развие патнички авион што ќе лета петпати побрзо од звукот и кој ќе може за 90 минути да ги превезе патниците од Њујорк до Лондон, релација на која сега се патува подолго од седум часа, јавува СНН.

Воздухопловната компанија „Хермеус корпоратион“ со седиште во Атланта соопшти дека од инвеститори добила доволно финансиски средства за работа на проектот, чија реализација би требало да трае една деценија. Ако успее, ќе ги револуционизира комерцијалните летови.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7