Рестораните на Џејми Оливер отидоа под стечај
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/21/19 7:01 PM

Рестораните на Џејми Оливер отидоа под стечај

Според британските медиуми , станува збор за околу 1 300 вработени , кои ќе останат без работа. Оливер , кој пред повеќе од десет години се стекна со светска слава по кулинарските шоу програми , има синџир италијански ресторани под името Jamie’s Italian .

Во неговата деловна групација се наоѓаат и рестораните Barbecoa и Jamie Oliver’s Diner. Џејми Оливер вели дека е тажен поради таквиот развој на настаните и тешката ситуација со која се погодени сите.

,,Би сакал да им се заблагодарам на гостите , кои уживаа кај нас и не поддржуваа во последните 10 години. Беше задоволство да Ве послужуваме.” , рече Оливер.

Рестораните беа на раб на банкрот во 2017 , кога тој вложи 12,7 милиони фунти од личната заштеда за да го спаси бизнисот. Сега на прашањето дали повторно на ист начин може да ги спаси рестораните, тој одговара дека веќе нема пари.

Во еден период рестораните на 43- годишниот кулинарски мајстор имаа 71,5 милиони фунти долг , а во процесот на реструктуирање тој мораше да затвори 12 од вкупно 37 ресторани и да отпушти 600 готвачи и други вработени.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7