– ММС
Вести Македонија

Реформите суштински, датумот за преговори симболичен чин

Францускиот амбасадор во Македонија,  Кристијан Тимоние денеска од Свети Николе порача дека  датумот за почеток на преговори е симболичен, потребни се реформи. При тоа, треба да ги убедите европските народи, дека вашето место е во ЕУ, рече Тимоние

-По Брегзит, прво да си воведeме ред во куќата што ќе ви даде малку повеќе време и на вас да си се средите дома, но најважно е двата патишта  да се вкрстат што е можно колку што е можно побрзо, рече Тимоние како коментар на вчерашните ставови на Хан и Заев.

Евроамбасадорот Јоханес Хан е оптимист дека Европската Комисија со извештајот наредната недела ќе препорача датум за почеток на преговори, како и очекувањата на премиерот Зоран Заев дека јуни или најдоцна јули Македонија треба да добие датум.

Амбасадорот на Франција, земја која се’ има тврд став во однос на проширување, вели дека не треба да се заборави на јавното мислење во земјите каде има резерви за проширувањето. Каков баланс може да се постигне проширувањето во ЕУ со земји од Западниот Балкан во однос на земји со огромен економски развој, се дел од прашањата. Тоа, според Тимоние предизвикува фрустрација од поделбата на социјални слоеви. Балканот се’ уште се доживува по ужасната слика од низата војни на балканските простори, а дополнително отежнувачки е искуството со земјите од Источна Европа, кои се недоволно развиени со раширена корупција.  Во целата таа слика, влегува Македонија, која  во изминатите две години е повторно на европскиот пат и со потпишувањето на Преспанскиот договор, како што рече Тимоние „направи извонредна работа“ .

-Но, сега очекуваме да се спроведат сите останати реформи, патот е долг. Вашето место е одбележано во европската изградба, сега треба уште само да и’ се приклучите и при тоа може да очекувате помош од европските институции и на билатерален план од Франција, изјави Тимоние.

Францускиот амбасадор денеска беше во Свети Николе, на првиот ден од европскиот караван, како претставник на Европската Унија. На ученичката дебата средношколците од СОУ „Кочо Рацин“ го заплиснаа амбасадорот со прашања. Едно од прашањата беше – зошто Македонија да влегува во ЕУ, кога економски развиени земји, како Швајцарија или Норвешка не сакаат да членуваат.

-Македонија нема ниту банки, ниту нафта, затоа, одговори Тимоние, кој ги нагласи вредностите на кои почива ЕУ, а кои се важни за Македонија, како слобода, еднаквост, европско право, моќ на голем економски сојуз.

Младите прашуваа дали наскоро Македонија ќе добие датум и зошто токму неговата земја се противи на евроинтеграциите, на што Тимоние рече дека Франција во случајов е строга, но земјава треба сериозно на работи на подготовки за членство, што европските  народи тоа треба да го видат.

-Вашето место стои во ЕУ, но патот треба добро да се исчисти. Не треба толку да се држите до датумот за почеток на преговори, што е симболично, туку треба сериозно да работите и на подготовка на нашето општество за влез на Западен Балкан при што треба да ги наведете вашите успеси на тој пат. Во јавното мислење  во некои од земјите членки, Унијата се доживува како стоногалка, која постојано добива нозе и станува тромава, без при тоа да се додаде нешто ново, за да се соочи со светските предизвици, кажа Тимоние.

Денешниот караван беше дел од месецот на ЕУ низ градовите низ Македонија. Утре во Виница е амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар.

Лограње

X

Регистрација