ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/21/19 10:42 AM

Орбан: Постои либерална мафија која сака да го увери светот дека не може ништо да се направи против миграциите

Според унгарскиот премиер Виктор Орбан, постои либерална мафија на политичари, новинари и аналитичари, полна со пари, која работи на тоа светот да верува дека не може ништо да се направи против миграциите.

– Но кога ќе се покаже спротивното, кога Унгарија ја сопира миграцијата на копно, а италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини – на море, или кога американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да изгради ѕид, почнуваат да ги мразат тие луѓе – истакнал Орбан за државното радио „Кошут“.

Додал и оти претстојните избори ќе одлучат „дали го прифаќаме тоа или ќе се извлечеме од рамките на она на што се обидуваат да не’ присилат“.

– На мнозинството Унгарци им се крева косата на главата кога ќе слушнат како европски политичари велат дека миграцијата е добра, но оти мора да биде подобро организирана – нагласил Орбан.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1