– ММС
Вести Македонија

Во Штип денес гради само семејството на градоначалникот, обвини ВМРО-ДПМНЕ, Бочварски демантира

Ако во 2014 година Financial times го прогласи Штип за најрентабилен микро град во Европа, во 2019 ние може да го прогласиме за град кој стагнира – на прес конференција денеска обвини ВМРО-ДПМНЕ.

  ,,Општина Штип доживуваше експанзија на секое поле и растеше во секој поглед. Откако СДСМ дојде на власт, градот потона во самодеструкција. Штип ни оддалеку не наликува на студентскиот град во кој вриеше од млади луѓе. Инвестицискиот рај за странските компании во кои работат работници и од соседните градови, веќе две години нема ниту една инвестиција со која би се забрзал економскиот раст и развој на општината. Во ТИР зоната има нула странски инвестиции после 2017 година. Компаниите не наидуваат на добра клима за инвестирање во Штип, па затоа веќе не ја гледаат својата иднина во нашиот град. Клиничката болница која требаше да биде завршена уште во 2018 година, остана карабина која гласно зборува за неспособноста на власта,  автопатот Штип-Миладиновци веќе неколку години „само што не е пуштен“ во употреба. Ако од 2013 до 2017 година Штип беше претворен во градилиште, во 2019 година во општината гради само семејството на градоначалникот“, рече на денешната прес-конференција претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип, Иван Јорданов.

На обвинувањата на Јорданов, на прес-конференција реагираше Штипскиот градоначалник Благој Бочварски.

„Опозициските челници, за жал, не сакаат да се радуваат на развојот и успесите што ги доживува Штип, па попусто се шетаат во Скопје за злонамерно да го оцрнуваат нашиот град во очите на државата и регионот.Тие злонамерни оцрнувања  не само што се непатриотски, туку и невистинити“, рече Бочварски.


,,Од ВМРО-ДПМНЕ наследив куп проблеми.Проблемот со започнатиот Пензионерски дом, проблемот со празна каса која ја затекнав, проблем со голем број судски пресуди коишто се уште го оптоваруваат општинскиот буџет.Денес Штип е најтранспарентна Општина во државата. Граѓаните точно знаат за што се користат нивните пари. Сите тендери и јавни набавки од Општина Штип се спроведени строго според законските одредби.
Фирмите за кои зборува опозицијата, а се во сопственост на моето потесно и пошироко семејство, ниту имаат учествувано ниту имаат добиено јавна набавка од Општина Штип, каде што јас сум потписник“, рече Бочварски.

,,Ако знаеме дека браната на река Отиња е врвен и најважен проект, што направија во текот на нивните 8 години за изградба на оваа брана?Јас ви тврдам дека не направија ништо, ниту имаа намера да прават, а тие со факти нека ме демантираат“, рече Бочварски.

Лограње

X

Регистрација