– ММС
Вести Македонија

Регионална музичка ревија на пензионерите

Над 100 фолклористи од источниот регион, кои се во седмата и осмата деценија од животот, беа учесници на 17-та Регионална ревија на пензионерите, чиј домаќин беше Здружението на пензионерите од Виница.

На сцената на Домот на културата „Тошо Арсов” беа претставени богати народни носии, а луѓето од третото доба докажаа дека остануваат верни на своите корени и со креативен дух го промовираа фолклорот и обичаите, испреплетени со народни песни и ора.

„Регионалната ревија е редовна годишна активност на здруженијата на пензиониерите, преку која тие ја чуваат традицијата од заборав, а истовремено преку песна и оро го јакнат соживотот. Освен дружењето и натпреварувачкиот дух, пензионерите кои во регионот стануваат се побројни во однос на помладата генерација, низ музиката и фолклорот поубаво живеат и полесно стареат“, истакна Петар Данаилов, претседател на Здружението на пензионери од Виница.

Регионалната пензионерска фолклорна ревија се организираше во соработка со Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, а поддршка даде и локалната самоуправа на Виница.

Жири комисијата што го следеше настапот на учесниците од Виница, Македонска Каменица, Делчево, Пехчево и Берово ќе одлучи кои од овие пензионерски здруженија ќе го претставуваат источниот регион на државната ревија што на 7 јуни ќе се оддржи во Скопје.

Лограње

X

Регистрација