– ММС
Вести Култура

„Зимска прикаска“ премиерно од Штипски театар

Штипскиот Народен театар со прва премиера за 2019, на сцената утре „Зимска прикаска“ по текст на Шекспир.

По шести пат на сцената на штипскиот театар режираше Љупчо Ѓоргиевски.  Во 1995 ја постави претставата „Училиште на жени“ од Молиер, потоа „Нажалена фамилија“ на Нушич, „Парови“ по текст на Миро Гавран,  „Хотел ни на небо ни на земја“ – Ерих Емануел Шмит, „Лазаревото писмо“ на Живко Чинго и сега на ред дојде дело од Вилијам Шекспир – „Зимска прикаска“. Жанровски претставата би се вброила во романса или трагедија со среќен крај – појаснува режисерот Ѓоргиевски.

Оваа пиеса спаѓа во т.н. романси на Шекспир. Ја пишува кога ја напушта онаа крвава фаза со крај кој нуди многу трупови, па овде се нуди помирување и надеж. Премиерата е закажана за утре 21.05.2019 (вторник) со почеток во 20:00 часот, а првата реприза во четврток на 23.05.2019.

Улогите ги толкуваат:

Ефтим Трајчов Ѓаурски, Марија Минчева Андонов, Пеце Ристевски, Милорад Ангелов,  Владимир Тулиев, Анѓелка Нашкова, а за прв пат и како подмладок на веќе препознатливата актерска екипа ќе се појават Ава Хусеини, Мирко Голомеов и најмладиот Леон Ангелов.

Сценографија: Валентин Светозарев

Костимографија: Андреј Ѓоргиевски

Композитор: Марјан Нечак

Лограње

X

Регистрација