Засега непознати напаѓачи вчера во Белем, град на северот на Бразил, застрелале и убиле најмалку 11 гости во бар. Од убиените шест се жени, а петмина мажи. Убиството го извршиле седуммина вооружени мажи, кои пред локалот пристигнале со три автомобили и еден мотоцикл, а по извршениот масакр избегале.
– Ги бараме сторителите и ги истражуваме мотивите за нападот – рече за АФП портпаролот на Министерството за јавна безбеднст на бразилската сојузна држава Пари.
Барот во кој се случил нападот е во делот на Белем во кој неодамна дошле сојузни агенти за да и’ помогнат на локалната полиција во справувањето со криминалот.