– ММС
Вести Македонија

Полицијата заплени околу 23 килограми марихуана кај Ресен

Синоќа, околу 22.00 часот на патот с.Стење-Царев Двор, во близина на с.Козјак, ресенско, по добиени оперативни сознанија, полициски службеници од СВР Битола ги затекнале лицата Б.Г(46) и В.А(56), двајцата од Република Албанија, со живеалиште во Охрид, со товарно возило „Мерцедес Вито” со бугарски регистарски ознаки и едно лице кое управувало патничко возило „Мерцедес“, соопшти МВР.

-Лицето со патничкото возило побегнало од местото, при што во близина на с.Долна Бела Црква од возилото фрлило две торби со околу 23 килограми марихуана.  Б.Г. и В.А. биле приведени и задржани во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Товарното возило „Мерцедес Вито“, торбите со марихуана и други предмети биле одземени за понатамошна постапка, информира МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на третото лице и патничкото возило и за целосно расчистување на случајот.

Лограње

X

Регистрација