– ММС
Вести Македонија

Отворање на реконструираното игралиште во СОС Детско село

Под мотото „Обединети во радоста што ја носи фудбалот”, денеска во СОС Детско село ќе биде отворено реконструираното фудбалско игралиште финансирано од Фондацијата УЕФА.

Од Детско село Македонија информираат дека целта на проектот кој се спроведува во соработка со ФФМ е да го подигне спортскиот дух кај 40 деца и млади без родителска грижа и да го зајакне нивниот ментален развој низ призмата на тимска работа, соработка и мотивација за постигнување на резултати.

-Еден од важните сегменти во работата на СОС Детско село е да делуваме во правец на поддршка и на зајакнување на заедниците со цел да се креира позитивна средина во која децата и младите ќе може да се развиваат, истакнуваат од СОС Детското село.

Според нив игралиштето ќе биде едно од омилените места за децата од населба Ченто кое ќе им овозможи многу мигови на дружба, ќе придонесе за развој на психо-физичкото здравје и ќе ги зајакнува самодовербата, вештините за комуникација, соработка и тимскиот дух.

МИА

Лограње

X

Регистрација