– ММС
Спорт Фудбал

Пресврт во Јувентус, Алегри добива нов договор

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, добил понудата за продолжување на договорот со клубот до 2021 година, објави „Ла стампа“.

Изминатиот период се шпекулираше дека Алегри сигурно ќе го напушти клубот од Торино и ќе го преземе ПСЖ, додека во Јувентус ќе дојде Антонио Конте.

Сепак, останува да се види дали новата понуда со поголема плата за Алегри, ќе значи негово останување на тренерската позиција кај „бјанко-нерите“.

Сегашната годишна плата за Алегри изнесува 7,5 милиони евра.

Во случај Алегри да ја одбие најновата понуда, можен негов наследник во Јувентус е Симоне Инзаги кој вчеравечер со Лацио го освои Купот на Италија. 

МИА

Лограње

X

Регистрација