– ММС
Забава

Мадона имаше два часа проба во Тел Авив за настапот во сабота

На кралицата на поп музиката Мадона наводно и било забрането да влезе во конгресната сала Expo Tel Aviv, каде се одржува и овогодишниот натпревар за најдобра песна Евровизија и каде што била планирана пробата за нејзиниот најавен настапна за во сабота, и сето ова само затоа што таа се уште не потпишала договор за тоа.

Извршниот супервизор на Евровизија, Џон Ола Санд најпрво дал инструкции дека на пејачката нема да и се дозволи да настапува поради не потпишан договор, пренесува израелскиот ТВ Канал 12.

Меѓутоа, разбирањето подоцна беше постигнато со Европската радиодифузна унија која управува со Евровизија и на Мадона и е дозволено да влезе во салата, се додава во извештајот.

Договорот, како што се наведува не е потпишан поради компликации во врска со правата на емитување за една од песните која Мадона ќе ја пее станува збор за песната „Like a Prayer, хит од 1989 година.

Санд во средата, слично како и денеска, дал инструкции да не се дозволува на Мадона да влезе, но попуштил кога тимот на пејачката му се заканил дека ќе се откажат од настапот, се наведува во новинарските извештаи кои ги пренесуваат медиумите.

Мадона на крајот сепак имала проба во времетраење од два часа. Таа допатувала во Тел Авив во ноќта помеѓу вторник и среда, и покрај повиците на активистите за пропаганда дека ќе го бојкотираат меѓународниот фетсивал бидејќи се одржува во Израел.

Лограње

X

Регистрација