– ММС
Вести Свет

Трамп ги забрани меѓународните телекомуникациски системи

Претседателот на САД издаде наредба со цел американската мрежа да се заштити од нападите на „странските противници“, соопшти Белата Куќа.

Претседателот Донал Трамп воведе вонредна ситуација за да ги заштити американските компјутерски мрежи од напади на „странски противници“.

Тој потпишал наредба која ги спречува американските компании да користат странски телекомуникации за кои се верува дека претставуваат ризик по националната безбедност.

Не е познато поради која компанија е воведена вонредна ситуација, но се верува дека во прашање е „Хуавеј“.

Челниците на кинескиот технолошки гигант вели дека со оваа мерка ја ограничува работата во САД и дека само со тоа им штети на американските потрошувачи и компании.

Неколку земји, на чело со САД, последните емсеци изразиле збунетост дека кинеските производи на „Хуавеј“ се користат за надзор.

САД врши притисок врз нивните сојузници да не ги користат производите на овој технолошки гигант.
Покрај оваа ситуација, Министерството за трговија го постави „Хуавеј’ на „листата за ентитет“, а тоа значи дека на компанијата и е забрането да купува технолија од американск фирми без одобрување на владата.

„Хиавеј“ беше во средиштето на американско – кинеската борба за превласт во светската политика изминатата година и повеќе.

Во соопштението од Белата Куќа велат дека американскиот претседател има цел да ги штити САД од напади на странски противници кои активно се обидуваат да ги искористат недостатоците на информации и комуникациска технологија.  Оваа наредба дава моќ на министертсвото за трговија да забрани трансакција која претставува ризик за национална безбедност, пишува во соопштението.

Од „Хуавеј“ велат дека на нивната работа никој не влијае и дека се независни од кинеската влада. Во нивната изјава пишува и да ограничувањата од страна на САД не ја прави оваа земја посигурна и посилна.

Лограње

X

Регистрација