– ММС
Спорт Фудбал

Јовиќ следната недела ќе оди во Реал

Фудбалерот на Ајнтрахт, Лука Јовиќ, наскоро ќе стане играч на Реал, објавија шпанските медиуми. Според АС, трансферот ќе биде формализиран следната недела.

Оваа одлука била донесена со цел играчот да не биде дефокусиран од тековните предизвици на Ајнтрахт, кој има само уште еден меч во Бундеслигата оваа сезона. Во последната рунда Ајнтрахт кој се бори за место кое обезбедува учество во Лигата на шампионите, ќе игра со Баерн Минхен.

Дваесет и едно годишниот Србин оваа сезона настапи на 47 натпревари за германскиот тим, постигна 27 гола и оствари седум асистенции.

Трансферот се проценува на 55 милиони евра.

МИА

Лограње

X

Регистрација