– ММС
Uncategorized Вести Македонија

Реакции за Богоевски: Оставка, срам, поддршка…па и легализација на канабис

По признанието на пратеникот Павле Богоевски дека во снимениот разговор не договарал продажба на кокаин, туку на масло од канабис (по нелегален пат), бројни реакции излегоа во јавноста од повеќе јавни личности. Некои бараат оставка, други проверка за негово користење на опојни супстанци, други го ставаат на „каменот на срам“, а има и такви кои го оправдуваат. Другарот на Богоевски од Шарената револуција, Замир Мехмети, вели дека знае за приватните проблеми на Богоевски, како и за трагедијата која му се случила на неговото семејство со сообраќајката на неговата сестра.

-По игра на случајност знам за приватните проблеми со кои се соочува Павле. Знам за трагедијата која есеноска му се случи нему и на неговото семејство. Сестра му настрада во тешка сообраќајна несреќа и после повеќе од 20 дневна кома се разбуди со тешки последици. Маслото од канабис и помага за полесно справување со болките исто како што помага и за ублажување на симптоми од многу болести.Не знам за вас но јас лично би одел до Северна Кореа да го договорам и Ким Јонг Ун за пола нуклеарка ако тоа би му помогнало на некој мој близок. Ова го зборувам како син на татко со преживеани 14 мозочни удари кој 15 години беше практично инвалид. Морализирање на овие теми сведочи за отсуство на сочуство и емпатија помеѓу луѓето што е показател за суровоста која не има обземено сите, пишува Мехмети, според кого, „крајно време за декриминализација за лична употреба на канабис и маслото од канабис“.

За разлика од Мехмети, актерот Драган Спасов Дац на социјалните мрежи напиша дека очекува негова оставка.

-Очекувам оставка од Павле Богоевки и прес-конференција на Миле Бошњаковски! Како што е ред, нели“, напиша Спасов Дац , кој самиот поднесе оставка од местото директор на МНТ по сообраќајна несреќа, која тој ја предизвика .

Професорката Мирјана Најчевска смета дека сите пратеници  и функционери двапати годишно треба да бидат проверувани за за употреба на психотропни супстанци.

-Функциите носат привилегии, но мора да носат и ограничувања. Јас лично сум за легализирање на марихуаната и еден сосема поинаков пристап кон конзумирањето на психотропни супстанци, меѓутоа, во Собранието сакам луѓе со чисти глави. Јас исто така мислам дека треба да има тестови за општа интелегенција, смета Најчевска.

Новинарот Љупчо Златев се соменва дека Павле Богоевски ја зборува вистината кога кажува дека договара купување масло од канабис, а не кокаин.

-Маслото за канабис нема жаргонска мерка единица “пола” (се мисли на грам), туку се мери во “кубици”. Ти во снимениот разговор велиш „Спреми ми пола”, ама друже пола кубик не е 2500 (две ипол илјади), туку е 500-600 денари. Така што не е масло, можам да се обложам. Башка во терапија, пола кубик уље за 2-3 дена се троши и тешко е да се стави во таква мала количина во шприц.
2. На пазарот, друже Пајо, има два вида на „грамови“. Еден е пакуван кој се продава улично и чини околу 3000 денари. Но, како што тврдат конзументите, во тој пакуваниот скоро никогаш нема 1 грам кокаин, туку најмногу 0.5, 0.6 грамови. Ова што според снимакта го порачуваш е познато како „мерен грам“, неговата цена е околу 5000 денари и кога тој ќе се стави на вага покажува точно 1 грам. Ти бараш дилерот да ти спреми „пола“, така што тој еден цел „мерен грам“, ти го дели и половина ти продава за 2500 денари. Во исто време, како што тврдат конзументите, со таквиот начин на набавка се купува далеку почист кокаин. Што има да ти спрема во маслото кое тврдиш дека го купшуваш? Невозможно е да се спреми пола кубик масло.
3. Конзументите сведочат дека кокаинот е единствената дрога која дилерите ја доставуваат до дома. Така што друже, секој обид патетично да се извадиш ти пропаѓа во вода, пишува Златев.

-Какви и да ти биле намерите (најблагордни дури нека биле), се обрука, другар Павле. Пред сите што гласаа за тебе и за листата на која беше избран. Срам да ти е! – напиша новинарот Бранко Героски на Фејсбук профилот.

 

 

Лограње

X

Регистрација