– ММС
Вести Македонија

Научна конференција: „Иновирајќи ја Европа”

Меѓународна конференција за европски интеграции, на тема „Иновирајќи ја Европа”, ќе се одржи денеска во Министерството за надворешни работи, во организација на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС) во соработка со Универзитетот на Рим „Тор Вергата”.

На отворањето на конференцијата, според организаторите, ќе се обратат директорката на Директорат за Европска Унија, Бети Јачева, италијанскиот амбасадор во земјава Карло Ромео, како и ректорот на Универзитетот на Рим „Тор Вергата” Џузепе Новели.

На конференцијата ќе учествуваат и триесетина научници и истражувачи од повеќе земји, кои ќе изложат реферати на теми што се однесуваат на иновации во областа на бизнисот, економијата, претприемништвото, како и за општествени и политички прашања поврзани со иднината на Европската Унија.

Се очекува и присуството на професори и научници од земјата и од странство, амбасадори и претставници од граѓанскиот сектор.

МИА

Лограње

X

Регистрација