– ММС
Вести Македонија

Кој ќе измети најавената „метла“ ќе се знае следниот месец: Заев деновиве на средба со коалициските партнери

На почетокот на следниот месец ќе се знае какви ќе бидат комплетните промени во раководните структури во министерствата, но и во институциите воопшто. Ова денеска го најави премиерот Зоран Заев, кој денеска се врати на работа, а како што рече, неколкуте дена личен одмор, ги искористил и за концепирање на одлуките.

„Верувам и кон крајот на јуни дека ќе се впуштиме по вертикала, односно во самите општини, каде државата е претставена со одредени државни институции. Паралелно со тоа, јас како претседател на СДСМ морам да направам некои промени и во мојата политичка партија, затоа што дел како општествена рефлексија врз граѓаните се црпи токму од партијата којашто е доминантна во власта. Секако, главните критериуми ќе бидат тие за коишто се дебатираше во кампањата – ароганцијата, неисполнувањето на одредени очекувања на граѓаните, тука е непотизмот. Верувам дека ќе направиме вистински одлуки и решенија кои ќе бидат сериозен акцелератор за динамизирање на работите во нашата земја. Граѓаните очекуваат конкретни резултитати, после сиве овие крупни политички одлуки и сега после завршувањето на претседателските избори“, изјави Заев кој не кажа колку луѓе ќе бидат променети.  Конечните бројки според него, ќе се знаат кога ќе има одлука.

-Се работи за неколку министри, за неколку заменици министри, но конечните бројки ќе се соопштат кога ќе има одлука. Се’ уште сме во фаза на размислување. Концептот го имам кај мене, тоа ќе се објави кога ќе се објават и причините и ќе се каже зошто „тој и тој“ дошол на место за замена – додаде Заев.

Реконструкцијата деновиве ќе биде тема на разговори и меѓу коалициските партнери во владата. Заев најави дека ќе се сретне со Ахмети, но и со лидерите на останатите партии, но кога ќе се одржи ваквата средба се уште не се знае, таа треба да биде закажана деновиве.

„Треба да се случат промени од сите репрезенти во Владата. Има човечки слабости, не се работи за тоа длаи некоја партија згрешила нешто или не“.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали може да се размислува за нов состав на Владата, тој рече дека ќе има само реконструкција.

Лограње

X

Регистрација