– ММС
Вести Македонија

Новороденчето оставено на улица е во добра состојба

Тукушто роденото бебе оставено до тротоар во Топанско поле, е во добра состојба, откако беше згрижено на Детската клиника. Лекарите потврдија дека бебето било родено вчера и веднаш по раѓањето, голо било оставено во тревата. Случаен минувач го слушнал плачењето на новороденчето и пријавил во полиција, пренесува Слободен Печат.

– По папочната врвца и состојбата може да се заклучи дека бебето е родено вчера. Донесено беше голо, но веднаш ставено во инкубатор да се загрее. Дадена е соодветна терапија и засега е во добра состојба, изјави Катерина Ставриќ, директорка на Детска клиника.

Таа нагласува дека досега ваков случај, штотуку родено бебе да биде оставено на улица, немале. Од полиција велат дека работат на откривање на идентитетот на мајката и околностите во кои новороденчето било оставено во тревата веднаш по раѓањето.

 

Слободен печат

Лограње

X

Регистрација