– ММС
Вести Свет

ФОТОГАЛЕРИЈА: Ветер, дожд, надојдени реки, поплави, па снег во БиХ и во Хрватска

За само два дена жителите на Балканот, особено во Хрватска и Босна и Херцеговина, се бореа прво со силниот ветар, па со обилниот дожд што ги преполни реките и другите водотеци, кои на многу места се излеаја и предизвикаат поплави, а вчера, ноќеска и денес на многу места во Хрватска и во БиХ, на повисоки места и во Србија, обилно паѓаше снег, како да е средина на јануари, а не на мај.

Стигнуваат охрабрувачки вести дека водостоите на повеќето реки стагнираат или се во опаѓање, иако има и такви, како Уна и Сава, чии нивоа и понатаму биле во пораст. Поплавени се повеќе стотици домови, има паднати мостови, оштетени патишта, населби без вода и струја, но, за среќа, тоа е многу помалку од она што се случуваше пред пет-шест години. Сепак, надлежните предупредуваат да се биде внимателен.

Од потрагата по шестгодишното дете

Уште трае потрагата по шестгодишниот Ибрахим Мишељевиќ кого вчера го однесе водата од надојдениот поток во населбата Бегов Хан кај Жепче, БиХ. Детето возело велосипед, се лизнало, а откако паднало во водата, по него се фрлила и неговата мајка, но било доцна. Водата го однела детето веројатно дури во реката Босна. Учесниците во потрагата уште не се предаваат.

 

Лограње

X

Регистрација