– ММС
Вести Македонија

ГДУ бара „метлата“ да почне со метење во јавната администрација, Манчевски најавува реорганизација до крајот на годината

„Метлата“ да почне со метење во јавната администрација – бара Граѓанско демократската унија. Оттаму предлагаат метлата да го фати и вицепремиерот, Хазби Лика кој со месеци не доаѓаше на работа, но земаше плата.

Од партијата порачуваат дека реформите во администрацијата се неминовни, а како што велат, патот до Европската унија  води од зајакнување на капацитетот на институциите па до персонално подигнување на стандардите на административците.

„Над 780 илјади евра месечно се исплаќаат на вработените по Рамковниот договор. Повеќе од 1600 лица земаат плата поголема од 450 евра, седејќи дома, во оваа држава или во странство. Администрацијата ни е неефикасна и полна со фиктивно вработени. Операцијата за „активирање“ на лицата кои беа вработени по Рамковниот договор и кои со години земаа плата, а не одеа на работа остана само најава. Го потсетувавме и вицепремиерот Хазби Лика на Законот – „три дена ако не се појавиш на работно место без образложение, автоматски добиваш отказ“. Според правилата во европските држави за исплаќање на лажни плати и за непочитување на закони има одговорност. Но кај нас немаше ниту одговорност, ниту се вложија напори за вистински реформи. Премиере Заев, дел од администрацијата сѐ уште пие кафенце нога преку нога, што би рекле вие „хахаха-хихихи и ајде по кафичите“. Камшикот што го спомнавте не го видовме, ајде да ја видиме метлата, ако сакаме да ја видиме Европа“, изјави денеска Јована Спасевска од Управувачкиот комитет на партијата.

Во меѓувреме, министерот за информатичко општество и јавна администрација, Дамјан Манчевски најави реорганизација на јавната администрација до крајот на годината. Вели реформирањето е обемен процес.

Тој информираше и дека во новото Министерство за политички систем  не се предвидени нови вработувања, туку ќе има преземања од владиниот Секретаријат за Рамковен договор,  а како што додаде, конечно ќе биде решен проблемот со вработените според тој договор.

Според Манчевски, завршени се постапките за ангажман на дел од вработените според Рамковен кои не беа распоредени на работни мести,  а тврди дека во најскоро време тоа ќе се направи и со другите откако завршија претседателските избори и нема законски ограничувања.

Лограње

X

Регистрација