– ММС
Вести Култура Македонија

Почнува јубилејната 20-та литературна манифестација „Илинден 2019″

Во Домот на култура „Илинден” во Општина Илинден вечер ќе биде отворена 20-та јубилејна литературна манифестација „Илинден 2019″ која ќе трае до 18 мај. Манифестацијата ќе ја отвори нејзиниот покровител, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

Веднаш по отворањето, по повод 80-от годишнината од излегувањето на „Бели мугри” од Кочо Рацин, оваа антологиска стихозбирка ќе биде промовирана на десет словенски јазици. Беседа за авторот и за ова вонсериско ремек дело ќе одржи проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

Во рамките на манифестацијата во Домот на култура „Илинден” од 14 до 18 мај, под мотото „Денови на книгата” ќе се одржи саем на книгата, каде што љубителите на литературата ќе можат да се запознаат со најновите изданија и да најдат богат избор на книги.

Во склоп на оваа манифестација ќе се одржат повеќе културни настани, портрети и промоции на книги на реномирани писатели, како и млади автори, чествувања, изложба, литературно матине за деца со настап на писатели за деца и млади, како и музички колажи со познати музички ѕвезди. Централен настан манифестацијата е поетскиот митинг „Стихови за душата” што ќе се одржи на 17 мај.

МИА

Лограње

X

Регистрација