– ММС
Вести Свет

Протести на „Жолтите елеци“: Приведени се повеќе од 120 демонстранти

Во организација на движењето на „Жолтите елеци“, ширум Франција денеска се одржуваат нови протести од кои беше упатено „потсетување“ до Владата дека обновата на катедралата Нотр Дам не е единствениот проблем што треба да се реши во земјата.

Според француските медиуми, во текот на денешните, 23-ти по ред саботни протести на „жолтите елеци“, полицијата привела повеќе од 120 лица, a неколку метро станици биле затворени. Француските медиуми објавија дека биле запалени и неколку автомобили.

Демонстрантите побараа намалување на даноците за работниците и пензионерите и зголемување на даноците за богатите.

Еден од лидерите на „жолтите елеци“, Пјер Дерие вчера на Фејсбук објави дека движењето „изразува негодување затоа што за четири дена е собрана милијарда за камења, а за сиромаштијата ништо“.

Француското Министерство за внатрешни работи вчера соопшти дека за време на денешните протести ширум Франција ќе бидат распоредени околу 60.000 полицајци, и дека нема  да бидат дозволени собири околу Нотр Дам.

Лограње

X

Регистрација