– ММС
Вести Свет

(ВИДЕО)Чудо на изгорениот покрив на Нотр Дам:180.000 пчели преживеале во кошниците

Уште едно чудо го одбележа Норт Дам кој што настрада во катастрофалниот пожар.

Пчели ,кои ги имало околу 180.000 и кои што живееле на покривот на катедралата кој што изгоре целосно ја преживеаја огнената стихија и ја уништи една од најпознатите цркви во светот.

Пчеларот на катедралата Николас Женон потврдил дека пчелите се живи и дека се уште зујат во своите кошници.

Имено ,кошниците се поставени на Нотр дам во 2013 година во рамките на иницијативата во Париз да се зголеми бројот на пчелите.

Кошниците се сместени на врвот на сакристијата на јужната страна на катедралата, околу 30 метри под главниот покрив.

Николаст вели дека пожарот со некое чудо ги заобиколил иако , како што вели европските пчели , за разлика од другите видови , остануваат во кошниците кога ќе почуствуваат опасност при што јадат мед и ја штитат матицата.

Пчеларот вели дека можело да настрадаат од високата температура, но и дека чадот не им штетел.

,,Чадот нема да ги убие, но може да ги успие“,додава тој.

Пчеларите обично користат чад за да можат полесно да пристапат на кошниците.

 

Лограње

X

Регистрација