– ММС
Вести Свет

Половина Џакарта под вода: Напукнат ѕид чува десет милиони луѓе

Еден ѕид чува цел град со десет милиони жители од високите води на Џакартскиот Залив. Тоа е главниот град на Индонезија, Џакарта, која сега се наоѓа под нивото на површината на Јаванското Море.

Но, дури ни ѕидот повеќе не е целосно сигурен. На некои места напукнал, на други протекувала загадена вода.

Венеција, скапоценоста на Италија, секоја година тоне по околу два милиметра. Џакарта одамна ја има престигнато. Посебно бил загрозен северниот појас, покрај самиот морски брег, во кој живеат четири милиони луѓе. Тој дел на градот се наоѓа на четири метри под морското ниво, а дури и ѕидот што треба да го чува тонел по околу 25 сантиметри секоја година.

Сите проекти за справување со проблемот талкале во место, а жителите на Џакарта се во страв.

Лограње

X

Регистрација