– ММС
Вести Култура

„Господ постои, името ѝ е Петрунија” ја освои главната награда на Фестивал во Германија

Македонскиот игран филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија”, кој се снимаше под режисерската палка на Теона Стругар Митевска ја освои главната награда на фестивалот посветен на женски автори (Cologne International Women’s Film Festival). Главната награда на фестивалот има парична вредност од 15. 000 евра – соопшти продукцијата „Митевски“.

Фестивалот се оджуваше од 9 до 14 април. Посветен е на женски автори и во главната конуренција се избираат само осум филма од целиот свет кои се натпреваруваат за главната награда.

Oдлучивме да ја доделиме главната награда на овој филм поради својата извонредност во пренесување приказна за храброста на невработена жена да се спротивстави на воспоставени и затемелени структури на патријархатот. Надминувајќи ја сопствената отуѓеност таа ја осознава својата моќ да ја озобнови солидарноста во борбата против неправдата – се вели во одлуката на жири комисијата.

Теона С. Митевска за да и’ биде врачена наградата на завршната церемонија допатува од Go East филмскиот фестивал во Визбаден, каде е претседател на интернационалното жири.

„Петрунија” на 10 април го отвори фестивалот во Визбаден, а следната проекција на 12 апил беше целосно распродадена и се бараше билет повеќе. Месецов „Петрунија” патува на шест фестивали, меѓу кои и Московскиот филмски фестивал, каде еден од најголемите руски дистрибутери Ruscico кој го откупи филмот за дистрибуција во Русија и Украина оттаму и ја започнува Руската дистрибуција на Петрунија. Филмот од страна на фестивалот е најавен како емотовен енергичен манифест на балканскиот феминизам.

Продажениот агент „Пирамид“ кој ги откупи и правата за дистрибуција на француската територија активно се подготвува за киноприкажувањето во Франција и информира дека на 1 мај ја почнуваат дистрибуцијата во 60 кино сали низ цела Франција, од кои седум кино сали во Париз.

„Петрунија“ патува и низ цела Македонија, по успешните преставувања во Скопје, Битола, Прилеп, веќе на 20 и 21 април ќе биде прикажан и во градот каде што беше сниман, Штип.

Лограње

X

Регистрација