– ММС
Вести Македонија

Зејно Бајрами победник на Кичевскиот шаховски турнир за слепи

Фото: Архива

Зејно Бајрами од Кичево го освои првото место на Отворениот турнир во шах за слепи и слабовидни лица, во индивидуална конкуренција, кој практично беше и државно првенство, што во изминатите два дена се одржа во Кичево.

На 16-то традиционално првенство во организација на Сојузот на слепи и слабовидни од Кичево, на кое учествуваа вкупно 14 шахисти од целата земја, второто место му припадна на Лазар Калчески од Битола додека, пак, третото место го освои Лиман Лимани од Тетово.

„Во организација на Сојузот на слепи и слабовидни лица на Кичево се одржа овој турнир, кој всушност е и државното првенство во шах во индивидуална конкуренција за слепи и слабовидни лица, бидејќи практично учествуваа шахисти од скоро сите краишта на нашата земја“, изјави претседателот на Кичевскиот сојуз на слепи и слабовидни, Зендел Зулбеари.

„Задоволен сум од освојувањето на овој турнир, кој за мене е втор освоен турнир за краток временски интервал, по освоеното прво место неодамна во Тирана, исто така, во индивидуална конкуренција“, порача победникот Бајрами.

Оваа победа, додаде тој, ме стимулира поинтензивно да работам и тренирам уште повеќе во наредниот период и се надевам на нови успеси.

Лограње

X

Регистрација