– ММС
Uncategorized Вести Македонија

(ВИДЕО)Нов лапсус на Силјановска споделуваат твитерџиите

На синоќешниот митинг пред Владата, кандидатката на ВМРО ДПМНЕ за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова го згреши датумот на изборите.
Наместо на 21-ви април, Силјановска ги повика присутните на гласање на 21 септември. Во првите десет дена од кампањата, професорката имаше проблем со некои од точните називи на местата каде се одвиваа митнзите, па наместо неготинчани ги поздрави кавадарчани, додека во Кочани кажа дека Кичево е градот од каде потекнува нејзината свекрва. Струмичани досетливо ја дочекаа со транспарент со цел да ја потсетат каде доаѓа. Кампањата донесе и забелешки од митинзите на кандидатот од противничкиот табор, СДСМ, Стево Пендаровски. Познатата реченица: „Ако не победиме да не сте ми излегле пред очи“, како и говорењата на некои од граѓаните на митинзите, беа експлоатирани во јавноста.

Лограње

X

Регистрација