– ММС
Вести Македонија

Трибина за предизвиците и можностите за деца и млади Роми

Ромскиот образовен фонд (РЕФ), Здружението на граѓани „Ромаверзитас”, Асоцијацијата за демократски развој на Ромите „Сонце” и Ромскиот ресурсен центар денеска организираат трибина „Предизвици и можности за деца и млади Роми”.

Трибината е во рамки на регионалениот проект „Зголемени образовни можности за учениците  и млади Роми во Западен Балкан и Турција”.

На трибината, според организаторите, ќе се обратат министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов,  претставникот на Ромскиот образовен фонд Реџеп Али Чупи и  Ана Матевска, проект координатор во „Ромаверзитас”.

Предвидени се три работни сесии: „Пристап до квалитетно образование за децата Роми: перспективи и искуства од терен”, „Вработување на млади Роми: агенда за развој” и „Структурни и политички промени за Ромите во Република Северна Македонија: Зголемување на соработката на национално ниво”.

МИА

Лограње

X

Регистрација