– ММС
Вести Македонија Свет

Меркел и Макрон организираат конференција за западен Балкан

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон кон крајот на овој месец во Берлин ќе организираат заедничка конференција на која се повикани земјите од западен Балкан, потоа Хрватска и Словенија, како и претставници на Европската комисија, синоќа е соопштено во Берлин.

„На конференцијата што ќе се одржи на 29 април се очекуваат највисоките претставници на тие земји“, рече еден од портпаролите на германската влада. Главни теми на разговорите би требало да бидат стабилноста и развојот на регионот. Како што јавува германската новинска агенција ДПА, Меркел и Макрон со гостите сакаат да расправаат за посебните предизвици во регионот, особено за односите помеѓу Србија и Косово.

Германија и Франција се иницијатори на таканаречениот Берлински процес што започна во 2014 година со цел за стабилизација, безбедност и подобрување на политичките и на стопанските односи помеѓу земјите од западен Балкан – Албанија, БиХ, Црна Гора, Македонија и Србија.

Лограње

X

Регистрација