– ММС
Вести Македонија

Битолчанец треба да плати сто евра казна за избледени таблички

На граничниот премин Меџитлија возач бил контролиран од полицијата и при тоа заминал со налог, според кој треба да плати казна за избледени регистерски таблички. На ФБ групата „Ѕид на сообраќаен срам“, возачот го споделил документот од полицијата, каде стои дека возачот го прекршил Законот за возила, во членот 37, став 1/5.

Во членот 37 – Замена на регистерски таблички, сопственикот на возилото е должен да ги замени регистарските таблици со нови, кога барем една регистарска таблица е изгубена, уништена или оштетена, или кога поради долго користење станале неупотребливи или нечитливи.Став 5 од законот – глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на сопственик на возило што постапува спротивно на одредбите од ставот (1) на овој член.

Возачот, при тоа кажува дека регистерските таблички биле неквалитетни. Дел од корисниците му советуваат на возачот вештачење за да избегне плаќање на казна, но за дел ова е сосема нов и непознат начин на казнување за избледена регистерска табличка.

Лограње

X

Регистрација