– ММС
Вести Македонија Сообраќаен Сервис

Од 10 април блокатори за возила на нерезиденти на резидентните паркиралишта во Центар

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар”- Скопје, од 10 април ќе поставува „блокатори” на сите возила кои ќе бидат затекнати на резидентно паркиралиште, а не се корисници-резиденти на секторот во коjшто се паркирани, со цел да им се овозможи на жителите на општина Центар непречено да ги користат резидентните зони исклучиво за нивните потреби – соопштија од ЈП ПОЦ.

Поставувањето на механичко средство „блокатор” во зона 0 и зона 01 ќе изнесува 1.200 денари, во зона 1 – 960 денари и во зона 2 – 720 денари. Доколку казната не се плати во рок од два часа, возилото ќе биде отстрането со специјалното возило „пајак”. Акцијата ќе започне во зона 01, во секторите Дебар Маало и Градски парк, а потоа ќе продолжи и во останатите сектори со кои стопанисува претпријатието.

-Оваа промена се воведува заради големиот број поплаки од граѓаните кои не можат да се паркираат на нивниот паркинг од други возила кои не се на станари – велат од ПОЦ.

Жителите на општина Центар и понатаму ќе можат бесплатно да ги користат комерцијалните паркиралишта и монтажните гаражи со кои стопанисува претпријатието, а останатите граѓани ќе можат да го регулираат нивниот престој во јавните паркиралишта со наплата.

Лограње

X

Регистрација