– ММС
Вести Македонија Сообраќаен Сервис

Привремено затворање на патот Качаник – граница со Македонија од денеска до 2 април

 Министерството за инфраструктура на Косово информира дека поради изведување градежни работи на автопатот Приштина – Скопје, во наредните пет дена привремено ќе биде затворан регионалниот пат Качаник – Генерал Јанковиќ, односно до преминот Блаце на границата со Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Патот делумно ќе биде затворан од денеска (петок, 29 март) до 2 април (идниот вторник), и тоа во периодот од 8 до 11 и од 13 до 15:30 часот.

МИА

Лограње

X

Регистрација