– ММС
Забава

Google Maps овозможи креирање на јавни настани

Google Maps е корисен кога барате локален бар, ресторан и друго јавно место, а корисниците наскоро ќе можат да создаваат јавни настани и на другите да им споделат информации за тоа што се случува во нивна близина.

Google веќе им овозможи на некои корисници да создадат настан, а опцијата сè уште не е достапна за сите, па се шпекулира дека во иднина би можела да биде ограничена на локални организации и водичи кои имаат лиценца. Покрај тоа, постојат индикации дека оваа опција нема да биде достапна во некои области, а на корисниците во некои делови од светот ќе им биде ускратено ова искуство. Експертите истакнуваат дека и покрај фактот дека слични опции постојат и на други платформи, се работи за корисна функција која ќе им овозможи на корисниците да известуваат за значајните настани во опкружувањето.

Се чини дека опцијата е сеуште во фаза на тестирање, бидејќи оние што пробале, сведочат дека додавањето на настанот не се случува веднаш, и дека во просек се чека еден час креираниот настан да се појави.

 

Лограње

X

Регистрација