– ММС
Забава

Дали сте слушнале за новата јога? Бидете здрави со минимален напор!

Сите се стремиме да бидеме среќни и на различни начини се обидуваме да најдеме начин да не ја тргнеме насмевката од лицето. Еден од начините може да биде тренирање, особено ако се работи за вежбање на насмевката.

Во прашање е посебен тип на јога, што е се повеќе популарна кај нас – јога со смеење. Се работи за сосема поинаков начин на тренинг кој не вклучува тешки вежби, болка, напор туку го заобиколува сето ова и оди на крајната цел, а тоа е целосно задоволство, среќа и здравје.

Поентата е само да се смеете, без ништо на тоа да ве наведе, никакви смешни вицови или видое снимки. Тајната лежи во фактот дека нашето тело не е во можност да направи разлика помеѓу вистинско и симулирано смеење и да дојде до истата низа на здрави реакции во телото.

Јогата со смеење е тоа што сте вие, смеејќи се одвнатре. Тренирајте го телото, умот и срцето и ќе зрачите со насмевка.

 

Лограње

X

Регистрација