– ММС
Вести Култура

Оштетени бисти на борци од НОБ во Градскиот парк во Битола

Оштетени се неколку бисти на борци од НОБ кои се наоѓаат во Градскиот парк во Битола, додека на една од нив, бистата на Стерјо Ѓорѓиевски, отстранета и е главата. Токму роднини на овој првоборец денеска го осудија овој чин.

„Случајно кога застанав, Стерјо Ѓорѓиевски ни е стрико, зошто се уништуваат овие работи од минатото. Овој чин го осудувам“, рече Јелка Ѓорѓиева.

Реагираа и од Општинскиот Сојуз на борци од Битола. Претседателот на Сојузот, Александар Трајковски вели дека се работи за вандализам.

„Во последно време има повеќе нарушување на спомениците, со цртање, прешкртување, тоа веројатно се работи за хулигани, не е од политички побуди. Отстранета е плочата на Коле Лачето, на Стерјо Ѓорѓиевски е отстранета главата од постаментот, исто така отстранета е плочата на Томаки Димитровски“, рече Александар Трајковски, претседател на Сојуз на борци Битола.

За последните случаи на оштетување на спомен бистите реагирале до СВР Битола, Комуналец и до општината.

„Се работи за сериозно оштетување на спомениците и спомен-обележјата и сметаме дека за истите треба да бидат превземени соодветни мерки.Сторителите да бидат најдени и соодетно казнети и во иднина да бидат спречени било какви оштетувања на спомениците и спомен-бистите“, велат од Сојузот на борци.

Во спомен паркот се наоѓаат 28 бисти на првоборци од НОБ.

Маја Богоевска

Лограње

X

Регистрација