– ММС
Вести Македонија

Неуспешни разговори – ВМРО ДПМНЕ не се согласува СЈО да биде самостоен орган

Без резултат завршија разговорите меѓу работните групи за Законот за јавното обвнителство и местото на СЈО во рамките на обвинителскиот систем и почнатите истраги. Министерката за правда Рената Дескоска објави дека работните групи не се доближиле во ставовите.

-Барањето на ВМРО ДПМНЕ, СЈО да бидел дел од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а не посебно обвинителство, не може да биде прифатено, прво поради самата Стратегија на правосудството во која е предвидено СЈО да продолжи како обвинителство, а не како одделение. Друга клучна разлика се почнатите предистраги, истраги и обвиненија на ова обвинителство, што се покренати по 18 месеци од неговата работа. Барањето за прекинување на овие постапки и нивно евентуално ново отпочнување, значи на некој начин губање на голем број сериозни докази, со што постои опасност на губење на процеси, а со тоа и амнестирање, рече министерката Дескоска.

Оставен е простор ВМРО ДПМНЕ повторно да ги разгледа своите предлози и до четврток да соопштат кои се нивните ставови, за евентуално нова средба во петок.

Од друга страна, предводникот на работната група на ВМРО ДПМНЕ Тони Менкиновски, по излегувањето , средбата ја оцени како „плодна“

-Овој закон навистина има потреба од амандмани за подобрување на работата на јавното обвинителство. ВМРО-ДПМНЕ стои на располагање. Сметаме дека СЈО треба да биде одделение во јавното обвинителство за организиран криминал. Не се прифатливи одредбите СЈО да не одговара пред никого и сам да си го создава буџетот“, рече Менкиноски, кој истакна дека во четврток ќе ги достават нивните амандмани, рече Менкиновски.

Лограње

X

Регистрација