– ММС
Uncategorized Вести Македонија

Ивановска за вработувањата: Прекршен е членот 56 од Законот за антикорупција

Претседателката Антикорупциската Комисија Билјана Ивановска вели дека досега Комисијата не добила претставка за вработувањата за кои меѓу другото опозициската ВМРО ДПМНЕ објавуваше јавно  на прес конференции.

Но како што рече таа во емисијата Топ Тема на Телма, тоа не ја спречува Комисијата да истражува, бидејќи законот дозволува по сопствена иницијатива да оформи предмет. Таа најави дека за ден – два ќе биде свикана втората седница  кога ќе објават со кои конкретни предмети ќе почнат.

-Она што е прекршено од избраните и именувани членови е член 56 од новиот Закон, каде вели дека избрано именувано лице, или одговорно лице во јавно претпријатие или друго правно лице е должно да ја извести Државната комисија за секој избор, именување или вработување  на член на неговот семејство во државен орган, орган на локална самоуправа, јавно претпријатие или друго правно лице во рок од 10 дена од рокот на извршениот избор, именување, вработување, рече Ивановск, истакнувајќи дека „ситуација постои“.

Лограње

X

Регистрација