– ММС
Кошарка Спорт

Трејси МекГрејди: Коби Брајант во денешната НБА лига би постигнувал по 100 поени на натпревар

Легендарниот НБА кошаркар Трејси МекГрејди говореше за американските медиуми за моменталната состојба на најјаката лига во светот.

МекГрејди своевремено беше еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, но го уништија повредите и го спречија да остави поголем печат. Некогашниот кошаркар на Хјустон призна дека не е премногу задоволен од моменталните игри во денешно време.

Порача дека најдобар начин да го објасни тоа на јавноста е да го спореди Коби Брајант и денешниот ритам на игра и квалитет во НБА лигата.

Легендарниот кошаркар порача дека Коби денес сигурно би доминирал на НБА паркетите и тоа без многу труд.

„Во денешната НБА лига Коби би можеч да дава и по 100 поени на натпревар. Навистина верувам дека тоа би го правел без проблеми“, изјави МекГрејди.

„Офанзивните играчи се премногу привилигирани. Ако не можете да го допрете Харден додека шутира тројки како ќе го запрете. Играчите се премногу заштитени во напад. Коби денес би го искористил тоа најдобро од сите“.

Преземено од: СуперСпорт

Лограње

X

Регистрација