– ММС
Вести Свет

Кинески тајкун со 1.500.000 евра честеше цел град

ММС, 12.02.2019

Мултимилионерот Зенг Даџинг (60) на прославата на кинеската Нова година одлучи дел од богатството да го подели со сограѓаните во граттчето Сичуан. Бизнисменот на собраниот народ му делел пари, бела техника, електрични уреди, а на постарите од 60 години, бидејќи ретко кој од нив во животот се возел во авион, им обезбеди бесплатно летање со хеликоптер.

Овој управник на конгломератот „Ксинџијанг Тијанди груп“ потекнува од сиромашно семејство. Во 2005 година влезе на Форбсовиот список на 400 најбогати Кинези со проценето богатство од 154 милиони долари. Главно, неговите компании работат со недвижнини и енергетика.

– Првата работа што ми падна на ум кога мојата компанија стана успешна беше да им се оддолжам на мојата земја и мојот народ – рече Зенг.

Лограње

X

Регистрација