– ММС
Вести Култура

ВМРО-ДПМНЕ ќе бара надзорна расправа за носењето на Годишната програма на Министерството за култура

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе поднесат барање за надзорна расправа за начинот на кој Министерството за култура ја донело годишната програма за проекти од национален интерес. Ќе се бара и расправа за реализацијата на минатогодишната програма – најави денеска пратеничката Ане Лашкоска.

„СДСМ покажа и докажа на дело и во минатото и сега во овие две години дека имаат елементарно непознавање за културата. Немаат чувство на припадност кон сопствената култура и кон уметничките вредности во културата.

Капитални инвестиции, нула. Заштита на културата, нула. Програма каде се уништуваат значајни манифестации, бренд на културата во Македонија“, критикува Лашкоска.

И по неколку дена од објавувањето, реакциите за Годишната програма не стивнуваат. Ресорното министерство попушти, па денеска во 10 часот сите стручни комисии почнаа со разгледување на одбиените апликации. Оттаму одбија да дадат изјави за медиумите, откако претходно најавија дека доколку се утврди неоправдано лишување на некој од проектите, нема да има поништување на конкурсите, туку само дополнување на листата на поддржаните проекти.

Лограње

X

Регистрација