– ММС
Забава

Сите оптимисти имаат нешто заедничко

Некои луѓе едноставно секогаш доцнат, без оглед колку рано станале, тие секогаш ќе дојдат на работа подоцна отколку другите и тоа нема врска со фактот дали ја сакаат или презираат работата со која се занимаваат. Но какви се всушност луѓето кои доцнат?

Обично кога некој доцни ние го карактеризираме како мрзлива, непродуктивна и безобзирна личност наведува сајтот „Elite daily“. Всушност, доцнењето е последица на вашиот комплекс на личности и вашата психологија, а не показател дека сакате некого да го навредите со своето доцнење.

Науката вели дека луѓето кои хронично доцнат се полни со оптимизам. Тие веруваат дека можат да вклопат повеќе задачи во ограничен временски период. Во основа имаат многу позитивна надеж дека се одлични и во мултитаскингот. Иако ова прави тие хронично лошо да го проценуваат времето, на долги временски стази, таквите лица можат да имаат бенефити.

Истражувањата покажаа дека оптимизмот може да даде многу здравствени бенефити, од намалување на стресот и ризикот од кардиоваскуларни болести, до зајакнување на имунолошкиот систем. Среќата и позитивноста ви го продолжуваат животот.

Одржувањето на позитивниот став е од витално значење за постигнување на личен успех. Ја подобрува креативноста, продуктивноста и тимскиот дух. Доцнењето е во тесна врска со луѓето кои се поопуштени. Со други зборови луѓето кои постојано доцнат не доживуваат стрес поради мали работи, туку се концентрираат на големи нешта и ја гледаат иднината како пат со безброј можности.

Времето е релативно и треба да научиме да живееме за моментот. Времето и доцнењето подразбираат различни работи во различни култури. За Американците времето е пари и тие не сакаат да доцнат, додека во Европа оваа мислење варира од земја до земја.

Луѓето кои доцнат сакаат да застанат и да уживаат во погледот, и оние кои никогаш не доцнат би требало нешто да научат од нив, и обратно. Животот не треба да се планира во детали.

 

 

Лограње

X

Регистрација