– ММС
Вести Македонија

Со обуки на архитекти, инженери и работници до поголема енергетска ефикасност на објектите во земјава

Архитекти, инженери и работници од градежниот сектор ќе се обучуваат за тоа како да инсталираат фотоволтаици и топлински колектори – најави денеска Стопанската комора на Македонија.  Обуките ќе се вршат преку Центарот на знаење и вештини, кој ќе има база  со податоци за работниците и тренерите кои ги посетиле обуките.

Претседателката на Инженерската институција на Македонија, Христина Спасевска најави дека целта е обуките да бидат видливи за стопанството и да одговорат на потребите на пазарот за вакви работници.

„Обуките почнуваат идната недела со 20 архитекти, а од март уште 20 архитекти ќе се обучуваат за енергетската ефикасност. Од јуни ќе почнат и шест нови циклуси обуки за инженери за обновливи извори на енергија“, додаде Спасевска.

Јадранка Аризанковска од Стопанската комора  информира дека обуките се дополнување на два проекти посветени на енергетската ефикасност кои претходно се спроведувале заедно со Европската унија, а кои покажале дека Македонија има потреба од обука и преквалификација на градежните работници:

„Околу 2.000 градежни компании, 4.000 градежни професионалци и 9.600 градежни работници ќе имаат можност да се вклучат во проектите се’ со цел до 2020 година да се постигне таргетот кој беше поставен од Европската комисија и да се обезбеди поголема енергетска ефикасност во градбите“.

Од Стопанската комора уште посочуваат дека цената на фотоволтаичните системи последниве години се намалува, а за да се врати една ваква инвестиција  потребни се пет го шест години.

Лограње

X

Регистрација