– ММС
Вести Свет

Ученик од Белорусија со нож ја убил наставничката

Средношколец во Белорусија со нож ја убил наставничката и уште едно момче од училиштето, соопшти белоруското министерство за внатрешни работи.

Министерството наведе дека момчето кое било 10 одделение, ја нападнало наставничката по историја пред почетокот на нејзиниот час. Тој убол уште две момчиња кои се обиделе да ја заштитат наставничката. Напаѓачот потоа отишол во соседното одделение и таму со нож убол уште едно момче.

Наставничката и еден од нападнатите починале на лице место, додека другите две деца се сместени во болница.

Полицијата набрзо го уапсила напаѓачот. Властите соопштија дека уште не се познати мотивите за нападот.

Извор:makfax

Лограње

X

Регистрација