– ММС
Вести Култура

Зорица Нушева фаворит за „Златна мечка“

„Господ постои, името и е Петунија“ кој вчера имаше официјално претставување на престижното Берлинале, веќе собира позитивни критики од филмските критичари. Главната улога на Петрунија, Зорица Нушева се споменува како фаворит за Златна мечка.

Филмот кој е во режија Теона Стругар Митевска по вчерашната премиера на Берлиналето добива позитивни критики во германскиот печат, иако критичарите не го сметаат за фаворит за освојување на Златната мечка. Главната актерка Зорица Нушева (насловна фотографија), пак, собира симпатии насекаде.

РББво своето онлајн издание објавува критика под наслов „Модерна крстоноска“ во која оценува дека „еден од најубавите моменти на фестивал како Берлиналето е кога ќе настапи некоја сосема непозната уметница, која веднаш ви го освојува срцето“.

„Лице кое веднаш ви станува симпатично и му посакувате сѐ најдобро. Зорица Нушева има таков лик“, пишува филмскиот критичар на РББ, Патрик Велински.

 

Лограње

X

Регистрација