– ММС
Спорт

Отворен Европскиот младински олимписки фестивал во Сараево

ММС, 11.02.2019

Синоќа на Олимпискиот стадион во Сараево свечено беше отворен Европскиот младински олимписки фестивал „EYOF 2019“, најголем спортски настан во Босна и Херцеговина од Зимските олимписки игри што се одржаа во 1984 година, пишуваат босанските медиуми.

Олимпискиот пламен го запали најдобрата џудистка во БиХ, Лариса Цериќ, на местото каде што пред 35 години истото го стори Санда Дубравчиќ, со што тогаш беа прогласени Зимските олимписки игри за отворени.

Европскиот младински олимписки фестивал се одржува под слоганот „Создаваме заедно“. Сараево и Источно Сараево во следните седум дена ќе бидат домаќини на повеќе од 2.000 луѓе од 46 земји, од кои 911 се спортисти, кои ќе се борат за медали во осум спортови, како хокеј на мраз, сноуборд, ски-трчање, бијатлон, алпско скијање…

Лограње

X

Регистрација