– ММС
Вести Свет

Неуспешна аукција за продажба на Хитлерови слики

ММС, 10.02.2019

На вчерашната аукција во германскиот град Нирнберг пет слики што се смета дека се на Адолф Хитлер не нашле купувач. Аукциската куќа „Ваидлер“, која ги ставила пејзажите на продажба, навела дека би можела да ги продаде подоцна, не прецизирајќи датум.

Не е наведено зошто продажбата не успеала. Меѓутоа, високите почетни цани за сликите (помеѓу 19.000 и 45.000 евра), параллелно со сомнежот на нивната автентичност, можеби ги одвратиле потенцијалните купувачи.

Во каталогот за продажба во средата имало уште 26 парчиња, но ги заплениле властите следниот ден, како и други 37, поради сомнежот за автентичноста, и покрај потписите А.Хитлер или А.Х. Агенцијата, сепак, успеала да продаде два предмета што наводно му припаѓале на Хитлер – порцеланска вазна за 5.500 евра и чаршав за 630 евра.

Лограње

X

Регистрација