– ММС
Спорт Фудбал

Челзи му излегува во пресрет на Милан: На повидок размена меѓу „Сините“ и „Росонерите“

Играчот за врска на Челзи Тијемуе Бакајоко се наоѓа на позајмица во редовите на Милан. Французинот игра како препороден на „Сан Сиро“ и управата на „Росонерите“ сака да го задржи во своите редови по оваа сезона.

Имаат опција да го откупат неговиот договор за 35 милиони евра, но не се во најдобра ситуација кога станува збор за Финансискиот фер-плеј.

Планот на Милан е да го продаде Франк Кеси, со тие пари да го откупи Бакајоко, а на лето да го доведе Ектор Ерера како слободен играч чиј договор со Порто истекува на лето.

Но, сега се појави многу полесна опција за „Росонерите“ за да го задржат Бакајоко во своите редови, со оглед на тоа дека Челзи е заинтересиран за еден нивни играч.

Станува збор токму за Франк Кеси. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска ја игра својата втора сезона во дресот на „Росонерите“, а за него е заинтересиран и Тотенхем, но со оглед на плановите кои ги имаат на „Сан Сиро“, јасно е дека Челзи би имал предност во целата ситуација.

Лограње

X

Регистрација